Цените пораснаа – сетови и до 60 евра на омилените грчки плажи за Македонците
Летувањето во Грција оваа година ќе чини повеќе – аранжманите се поскапи и до 25%, а истиот тренд го следат и цените на лежалките и чадорите. Иако сезона официјално не е започната, на некои плажи веќе се наплаќа и до 60 евра за сет.
Според најновите податоци објавени од Nikana.gr, најдостапни засега остануваат плажите на Ситонија, додека на Халкидики, Лефкада и Парга цените значително варираат во зависност од локацијата и позицијата на лежалката (прв ред или подалеку од море).
Погледнете детално во продолжение какви се цените на некои од омилените грчки плажи каде летуваат нашите граѓани.
Плажи на Халкидики: Од 5 до 60 евра – сè зависи од локацијата
Пефкохори: 20 € за сет (2 лежалки + чадор) со вклучен пијалак
Полихроно:
Прв ред: 50-60 €
Втор ред: 40 €
Трет ред: 30 €
Четврти и понатаму: 20 €
Никити: потрошувачка од 30 до 50 €, зависи од бич барот
Вурвуру:
Прв ред: 50 €
Втор ред: 40 €
Трет ред: 30 €
Неа Рода: лежалките се бесплатни, потребна е нарачка од барот
Скала Фурка: 10 € со две пијалаци
Переа:
Дрвени лежалки: 10 €
Метални: 6 €
Аспровалта: 10 € за цел ден или пијалак од минимум 5 € по лице
Неа Врасна и Ставрос: 5-6 € по лежалка или бесплатно со пијалак
Лефкада и Парга: Тивко, убаво, но не и евтино
Нидри (Лефкада): 10 € сет (без пијалоци)
Катизма (Лефкада): 20 € за сет со шише вода; паркинг 7-10 €
Плажа Валтос (Парга): 15 € за две лежалки и чадор; бесплатен паркинг
Во меѓувреме, да се потсетиме какви гужви имаше во петокот на почетокот на продолжениот викенд.
(ВИДЕО) Утрово гужви за влез во Грција: Се чека по два часа на ГП Богородица
Извор: Мастило