Според обичајот, сите членови на семејството мораат да го изедат својот дел од лепчето за да во нивниот дом влезе сила и здравје…
Со векови лепчето за Бадник е традиционално кое домаќинките во Македонија го подготвуваат за Бадник. Неизоставен дел од лепчето е паричката, а еве зошто е таа важна и зошто никако не смеете да ја фрлите или задржите за себе.
Покрај масата домаќинот го дели лепчето на секој член на семејството, а се верува дека оној кој во својот дел од лепчето ќе го најде паричето во текот на цела наредна година ќе има среќа, здравје и богатство.
Според преданијата сите членови од семејството мораат да го изедат својот дел од лепчето за да во нивниот дом влезе сила и здравје, а оној кој ќе го пронајде паричето никако не смее да го фрли или заборави.
Се верува дека паричето кое е извадено од лепчето треба да се откупи со други пари од оној кој го пронашол, а потоа се става на икона или покрај неа и се чува се’ до наредниот Божик, бидејќи се верува дека среќникот кој го нашол ќе биде среќен и „полн со пари“ цела година.