Австриските компании се активни ширум светот во изнаоѓање на одржливи и прифатливи технологии за климата. Бидејќи Северна Македонија се стреми кон декарбонизација на енергетскиот сектор, би сакале да ги претставиме инвестициите во обновливите извори на енергија од страна на ЕВН Македонија.
ЕВН Македонија е компанија за дистрибуција на електрична енергија во Македонија кое снабдува повеќе од 700.000 домаќинства и половина од деловните корисници. Покрај тоа, ЕВН произведува и електрична енергија целосно од обновливи извори со 11 хидроцентрали и 3 соларни централи. Првата од овие фотоволтаични централи стапи во употреба пред една година и е со инсталирана моќност од 1,5 MW и годишното производство е 2 GWh, што е еквивалент на годишната потрошувачка на околу 300 домаќинства. Како проект, тој е уникатен од технолошки аспект, бидејќи ЕВН за прв пат воведе употреба на двострани панели во Македонија. Резултатот е поголема ефикасност во износ од 10-20% поголемо производство на енергија.