Петкоска го обвинува Апасиев за политичка дволичност и лични интереси
Петкоска го обвинува Апасиев преку објава на социјалните мрежи. Истакнува дека лидерот на Левица се однесува дволично и ги следи личните интереси преку државни фондови. Според неа, додека Апасиев „глуми најголем критичар на СДСМ во парламентот“, неговата сопруга Тамара „добива финансиски средства преку институции кои биле управувани од социјалдемократите“.
„Додека Димитар Апасиев со тупаница во воздух го нарекува СДС најголемото зло, неговата сопруга зад сцената си ги полни џебовите со евра. Дома, пак, двајцата заедно аплицираат за Еразмус плус проекти, внимавајќи да не ги фати камерата,“ наведува Петкоска.
Таа дополнително обвинува дека станува збор за „брачен договор“, каде едната страна доделува фондови, а другата прави политички театар.
„Јавноста гледа ривалство, а во позадина се случува договор меѓу СДСМ и Левица,“ додава Петкоска.
Според неа, следните избори ќе донесат само „уште една епизода од серијалот Евра, љубов и политичка романса, во режија на СДСМ и Левица“.