Припадници на еврејската група Лев Тахор кои станаа несакани гости веднаш по нивното пристигнување во Куманово го напуштиле градот и во моментов се во Скопје, соопштија денеска надлежните од МВР. Оттаму повторно потсетуваат дека лицата имааат легален престој и привремено престојуваат во државата.
– Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, соопштија од МВР.
По талкањето низ голем број европски земји од кои биле депортирани, вклучително и Босна и Херцеговина, членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор се населиле во С. Македонија.
Групата во последните месеци мигрирала од една во друга земја, најмногу во источна Европа, а пред десетина дена по престојот во БиХ.