Криминалната мрежа била вклучена во фалсификување и дистрибуција на документи, а исто така тргувала и со оригинални документи, украдени во Шпанија, кои ги користеле луѓе со слични физички карактеристики од земјите од Блиски Исток, со цел да го олеснат нивниот илегален влез во Европска Унија, се наведува во соопштението на Европол.
За време на полициската акција, спроведена во јули откриени се речиси 2.000 фалсификувани пасоши и лични карти од 56 различни националности, а запленети се околу 13.000 евра.
Печатницата за изработка на лажни документи била сместена во куќата на главниот осомничен во Барселона.