На брифинг со новинари посветен на Македонија, европратеници зборуваа  за скандалот со лажните пасоши  користени од криминалци во регионот.

За европратеникот Илхан Ќучук ова претставува загрижувачки развој на настаните.

-Последните скандали длабоко загрижуваат во С. Македонија, тие не се наоѓаат во мојот извештај затоа што се случија отпосле, но затоа се потребни длабоки реформи во судството, законската рамка и владеењето на правото, изјави Ќучук.

За европратеникот Андреас Шидер овој скандал е исто така знак дека борбата против корупцијата е неопходна.

-Но ова покажува и дека има активност околу борбата против корупцијата, изјави европратеникот и додаде дека не очекува овој скандал негативно да се одрази врз визниот режим за Северна Македонија со ЕУ, затоа што земјата покажа дека работите одат во добра насока.