Кампањата треба да трае две години и да ја подигне свеста кај сите категории на граѓани на сите возрасти за водење здрав живот, промоција на спортот и физичката активност преку инклузивен пристап и недискриминација за да се допре до најранливите групи.
Европската Комисија ќе соработува со владите, невладините организации, локалните власти и меѓународните организации за да се креираат активности и иницијативи во сите земји членки на ЕУ за здрав живот.
Името на кампањата е „Здрав живот за сите“ и ЕК соопшти дека бројни организации веќе придонеле, меѓу нив УЕФА, Агенцијата против допинг, агенции на Обединетите Нации и олимписки комитети.
Европската Комисија ќе овозможи да се зголемат фондовите на проектите кои се поврзани за здрав живот и ќе стави на располагање 470 милиони евра за спортските активности во рамките на Еразмус+, 290 милиони евра за Хоризонт Европа и 4,4 милиони евра за ЕУ4Хеалтх.
Кампањата започна вчера заедно со Европската недела на спортот.
Околу половина од граѓаните на ЕУ не практикуваат никаква физичка активност, а стапката се зголемува последниве години, според последниот Евробарометар. Една седмина од Европејците консумира секојдневно минимум пет зеленчуци и овошје.