Македонија против криумчарењето мигранти – ја поддржа Заедничка декларација на Алијансата
На конференцијата, министерот Тошковски оствари билатерална средба со Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер. На средбата се разговараше за европската интеграција на Македонија и важноста на координирани европски политики за управување со границите. На маргините на форумот, тој се сретна и со Сузане Раб, новоизбраната генерален директор на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ICMPD). Тие дискутираа за миграциските предизвици и идната соработка.
Зајакнување на билатералната соработка со Пакистан
Министерот Тошковски оствари средба и со министерот за внатрешни работи и контрола на наркотици на Пакистан, Мохсин Раза Накви. Беше договорено зајакнување на билатералната безбедносна соработка преку идно потпишување Меморандум за разбирање помеѓу двете министерства.
Со активно учество во Глобалната алијанса, Македонија ја потврдува улогата на кредибилен партнер во борбата против организираниот криминал и во зајакнувањето на европската и глобалната безбедност.
