Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 1,2 отсто, на 102,25 поени, блиску до најниското ниво за еден месец.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута потона за 1,8 отсто, па цената на еврото достигна 1,0940 долари, највисоко ниво во последните речиси пет недели. Но, цената на доларот порасна во однос на јапонската валута, за 1,7 отсто, на 141,80 јени. Зајакнувањето на еврото е благодарение на зголемувањето на каматните стапки во еврозоната на највисоките нивоа во последните 22 години.

Имено, Европската централна банка (ЕЦБ) минатата недела повторно ги зголеми клучните каматни стапки за четвртина процентен поен. Каматната стапка за рефинансирање на банките во иднина ќе биде 4 отсто, а на депозитите преку ноќ во банките 3,5 отсто. Комерцијалните банки во иднина ќе плаќаат каматна стапка од 4,25 отсто за кредитите преку ноќ.

Од јули минатата година, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки во еврозоната за четири процентни поени. Инфлацијата се намалува, но предолго ќе остане прилично висока, повтори ЕЦБ во образложението за натамошното заострување на монетарната политика.