Претседателот Христијан Мицкоски во денешната „Само вистина“ откри дека денеска разговарал со словенечкиот премиер, кој негира дека е кретор на документот за промена на границите, кој деновиве се споделува во јавноста.
Јас денеска разговарав со премиерот на Словенија, господинот Јанез Јанша бидејќи сме ете и пријатели, тој пак друго ми кажа. Тој пак ми кажа дека Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев креирале сличен таков нон-пејпер кој што се шири по Европа, рече Мицкоски додавајќи дека можеби тој документ ќе биде познат на граѓаните на Македонија во многу скоро време.
Мицкоски додава дека во разговорот Јанша ја пренел својата неизмерна поддршка кон македонскиот народ, граѓаните на Македонија, кон Македонија и дека му рекол дека единствено иднината на Македонија ја гледа во рамките на обединета Европа. Мицкоски потсети дека токму Јанша за два месеци од денеска ќе претседава со ЕУ и ќе биде многу битен фактор.
Господинот Јанша апсолутно го одбива документот. Тој вели дека не постои таков документ. Вели дека ниту сум кажал, ниту пак ме интересира, пренеси им те молам, моите поздрави, мојата поддршка неизмерна кон македонскиот народ, Македонија и јас иднината на Македонија не ја гледма во вакви квази сценарија создадени во комуњарски поранешни тинк тенкови, туку ја гледам исклучиво во обединета Европа“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека иднината на Македонија не е во прекројување на градиници туку само во обединета Европа.