Претходно овој месец, компанијата Фајзер соопшти дека очекува да произведе 180.000 дози до крајот на годината и најмалку 50 милиони до крајот на идната година, вклучително 21 милион во првата половина на 2022 година.
Сега можеме да кажеме дека ќе има 80 милиони дози, благодарение на нашата производствена фабрика, изјави Бурла за CNBC.
Тој додаде дека е убеден дека лекот наречен Паксловид ќе биде ефикасен против новата варијанта Омикрон, додавајќи дека компанијата ќе има повеќе податоци во следните неколку недели.
Компанијата Фајзер поднесе барање за итна употреба на Паксловид во Соединетите Американски Држави минатата недела, откако објави дека нивниот лек бил 89 отсто успешен во спречувањето на хоспитализација или смрт кај луѓето со зголемен ризик од Ковид-19.