Министерството за одбрана работи транспарентно и ги објавува сите тендери и договори на Порталот за јавни набавки
Министерството за одбрана работи транспарентно. Реагираат од ресорното министерство, повикувајќи се на соопштението на СДСМ кое, според нив, извртува факти и обидува редовни набавки да ги прикаже во погрешно светло.
Во реакција за медиумите од Министерството објаснуваат дека редовните набавки, кои се спроведуваат години наназад за потребите на Армијата и угостителските објекти. Како Домот на Армијата, авто камповите во Дојран и Охрид, и Хотелот „Шар“ на Попова Шапка, се во јавна продажба, а приходот повторно се враќа во буџетот.
„Лицемерно е да се пласира сомнеж дека се набавуваат стоки за лична корист на функционерите“, вели Министерството.
Од ресорното министерство истакнуваат дека истите набавки во изминатите седум години ги спроведувале кадри на СДСМ, а сега тие обвинуваат дека нешто не било транспарентно.
„Фактите јасно покажуваат дека набавката е извршена преку јавна постапка, документацијата е достапна на Порталот за јавни набавки, а секој може да направи увид и споредба“, додаваат тие.
Министерството нагласува дека набавката се однесува на објекти од отворен тип. Кои се користат за протоколарни, воени и меѓународни активности, а не за „удобност“ на министри, како што лажно се тврди.
Во споредба со претходните години, набавките се намалени. Ставките за алкохолни пијалоци се намалени од 50 до 88 проценти. Жестоките пијалоци кои претходно се купувале се целосно отстранети. Сумата на договорот за 2025 година е намалена за 15 проценти во споредба со 2024. И за речиси 40 проценти во споредба со 2023 година.
Министерството поставува прашање. Дали раководството на СДСМ не знаело што прави. Или со намерни обвинувања се обидува да ја вметне македонската Армија во политичко црно сценарио.
„Ги повикуваме медиумите да не ги пренесуваат овие дезинформации и манипулации. Борбата против лажни вести е за доброто на граѓаните“, заклучуваат од Министерството.
Се работи за македонските граѓани и за Македонија, додаваат. И токму затоа не смее да се дозволи јавноста да биде излажана од опозицијата.