Македонски навивачи го окупираа Манчестер каде за еден час почнува дуелот меѓу фудбалските репрезентации на Англија и Македонија.
-„Фалангата“ е во елемент во фан – зоната. Како што нашите најверни спортски фанови навиваа за ракометарите, кошаркарите, денеска е ден за фудбал. Сите се тука со надеж дека Елмас и другарите вечерва ќе дојдат до добар резултат, пишува спортскиот сајт Спортмедиа, чиј репортер е во Манчестер.