Премиерот Ковачевски денеска призна дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа. Премиерот се правдаше дека Елена со свои пари инвестирала и дека тоа било уредно пријавено во анкетните листови пред да дојде на функцијата. Уште убедуваше дека секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства, пренесува Република.

За ова премиерот Ковачевски зборуваше и на денешната прес-конференција, а тоа можете да го погледнете во продолжение:

Иако премиерот вели дека тоа е нејзина одлука и дека ништо не е спорно, уште поинтересно е кои се другите сопственици на оваа централа. Покрај Елена Ковачевска и Димитар Тренчев, како сопственик се појавува и Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски, кој е заведен и како управител на компанијата. Во низата сопственици е и името на Светлана Тунџева, која е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Борис Тунџев.

Кој е Борис Тунџев?

Целото семјество Тунџеви на директен или индиректен начин е поврзано со СДСМ. Борис беше главен вештак во случајот „Топлик“ за комплексот „Сончев Град“ и покрај забелешките од страна на одбраната на обвинетите дека има конфликт на интереси и оти неговото вештачење не смее да биде дел од листата на докази.

За одбраната беше спорно неговото вештачење бидејќи Тунџев бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар а во моментот кога го правел вештачењето лиценцата му била истечена.

Ќерката Катерина Тунџева пак беше советничката листа на СДСМ за Општина Карпош а сега и мајката станува бизнис партнер на семејството Ковачевски.

Опозицијата минатата година реагираше што Тунџеви имаат компанија за производство на електрична енергија и оти добиле лиценца на 35 години.