Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Н.Н.(25) од Скопје. Тој бил баран по потерница за доиздржување затворска казна и поради бегство од казнено-поправна установа.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.