Струмичката полиција сигурно не можела да се воздржи, а да не го сподели како фотографија рекордниот „улов“ при радарска контрола, кога на екранчето им се прикажа автомобил кој „јуришаше“ со 236 километри на час.
МВР во денешниот билтен информира за тоа колку возила биле казнети на територијата на СВР Струмица.
„Секторот за внатрешни работи Струмица спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 40 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место“, соопшти МВР и предупреди дека продолжува со редовните контроли во сообраќајот.