Лицата се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, за случајот е известен Јавен обвинител и по комплетно документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
На улицата .„Народни херои“ со ул.„Михаил Чаков“, вчера околу 04.00 часот од полициски службеници се лишени од слобода В.Н.(25) и А.М.(37), и двајцата од Скопје, бидејќи се фатени при вршење на кривично дело тешка кражба од патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.А.(30), соопштија од МВР.