Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР.
Исто така, вчера околу 10:50 часот во отпад за хаварисани возила и старо железо во Визбегово кој се наоѓа помеѓу хотелски објект и објект на правно лице од страна на две лица извршено е кривичино дело – „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ врз двајца медиумски работници од национална медиумска куќа, при што едно од лицата извршило и нарушување на ЈРМ и „непочитување наредба на овластено службено лице или државен орган“, за што истите се лишени од слобода и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје се задржани за понатамошна постапка. Воедно, во близина на Раштански пат, поточно на стариот пат кон езерото Смилковци, вчера околу 22:00 часот по настанатиот пожар и по преземени мерки и дејствија на опожарениот дел пронајдени се жици од запалена гума, една ракавица и дел од ракавица, по што од страна на ЕУМНА при СВР Скопје истите се подигнати за вештачење.