Министерот за здравство, Фатмир Меџити не планира да поднесува оставка се додека Собранието не одлучи спротивно. Тој вели дека оставка се поднесува кога се работи чесно, а тој не се гледа меѓу таквите кадри.
„Се покажа дека ДУИ преку Артан Груби реши докрај да оди против граѓаните и здравствените работници”, рече Меџити.
Наспроти веќе најавеното дека Управниот совет на Алијанса за Албанците предложи нов министер за здравство да биде Илир Демир, Меџити вели дека не знае кој би можел да го наследи на функцијата.
„Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер”, рече Меџити.
Министерот Меџити на оваа функција е 11 месеци, како кадар на Алијанса за Албанците. Неговото разрешување беше побарано откако застана зад лидерот на партијата, Арбен Таравари, дека Алијансата треба да влезе во опозициската коалиција за време на изборите, додека пак крилото предводено од неговиот претходник, Зијадин Села, смета дека партијата на изборите треба да излезе самостојно.
Извор: А1он