Групи на социјалните медиуми во континуитет пишуваат за разни теми и се обидуваат да се факторизираат. Користејќи ги модерното време, ти даваат осврт на разни теми. Неформалната група од социјалните медиуми – Здружение на инженери на Македонија, во јавноста се обидува да се наметне како единствен релевантен фактор. Иако нејасно е со какво искуство се дел од членовите на оваа неформална група.

Поради нивните еднонасочни критички ставови се отвора прашањето, дали се работи за некакви други мотиви, а јавниот интерес се користи само како параван. Дел од најекспонираните лица од ова здружение има тесни врски со опозициската партија Левица.

Покрај политичката поврзаност неодамна одделни лица од оваа група имаа и јавна кавга, при што меѓусебно си ја спореа релевантноста.

„Членот на нашата група, пензионираното воено лице (инаку многу активно) – Денис Мустафаоглу, подолго и систематски работи на узурпација на групата. Неовластено настапува во име на групата. Од кои причини тој самиот знае. Се известуваат медиумите дека тој не ја претставува групата. Ќе следуваат подетални информации“, напиша Илија Бендевски на социјалните медиуми.

Тој дури посочи дека Мустафаоглу „од инженерство нема ни ден работно искуство“ и побара доказ дека тој има завршено Машински факултет, а токму ова лице е најактивно во јавноста за теми од енергетскиот сектор.

Ако се анализираат нивните настапи може да се заклучи дека тие се насочени кон ЕВН, додека другите теми во секторот не им се во интерес. Тие поднесоа и иницијатива до Уставниот кој треба да ја преиспита законитоста на членот 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија (Сл. весник бр. 172/18, 138/19 и 159/22) затоа што наводно е во спротивност со член 185 став (2) од Законот за енергетика (Сл. весник бр. 101/25 и 135/25).  Паушалите сами по себе не се ништо спорно, оти тоа е износ кој е претпоставен врз база на историјата на потрошувачката  и тие секако се порамнуваат.