Владата побара разрешување на Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поради утврдени сериозни професионални прекршувања во управувањето со Обвинителството. На денешната седница, Владата го утврди предлогот за разрешување на Коцевски и ќе го достави за понатамошно постапување до Советот на јавни обвинители и Собранието.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, оцени дека обвинителот Коцевски го загубил легитимитетот и кредибилитетот да ја извршува функциијата и треба веднаш да биде сменет.
Владеењето на правото и интегритетот на институциите се клучни во едно демократско општество, истакна заменик-претседателот Фетаи.
Тој нагласи дека главните причини за разрешувањето на Коцевски се лошото управување со Јавното обвинителство, прекршувањето на обврската за зачувување на тајноста на постапките и нарушувањето на угледот на институцијата и на личниот интегритет на обвинителот стои во соопштението испратено од кабинетот на Вицепремиерот за добро владеење.
Извор: Експрес