Вицепремиерот за добро владеење и член на коалицијата ВЛЕН, Арбен Фетаи во интервју за косовска телевизија изјавил дека е жално во каква ситуација е доведен неговиот поранешен сопартиец и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, велејќи дека не му преостанува ништо друго освен да клевети.
Фетаи за првпат открива приватен разговор што го имал со Таравари.
„Таравари клевети затоа што нема што друго да прави. Ме молеше да си одам во Брисел, а во септември да дојдам пак и да станам претседател на Алијанса. Потоа, Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција. Му реков дека не ми треба партија што оди заедно со ДУИ. Тој е подготвен да клевети сè, за неговите соработници. Азир Алиу е меѓу првите што придонесоа за коалицијата ВЛЕН. Ние сме на пат, не се осмелуваме да ја продадеме Алијанса на Али Ахмети“, рекол Фетаи.