Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи да се набават помеѓу 15.000 и 20.000 нови столчиња за стадионите ширум државата.

Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ.

Проектот ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата Македонска фудбалска лига каде што се исполнети условите за монтажа.

Клубовите, во соработка со локалната самоуправа, ќе бидат одговорни за монтажата на столчињата, со цел стадионите да станат поудобни и подобро опремени за навивачите.