Николов истакна дека масовната вакцинација во државата започнала од пред 5 дена, нагласувајќи дека тогаш стигнале првите купени вакцини, за разлика претходно се вакцинирало со донации од другите држави.
– Ние сите сме запознаени што може да ни се случи доколку процесот се задоцни и се забави, а сведоци сме дека е забавен заради тоа што вакцинацијата масовна започна од пред 5 до 7 дена кога ги добивме првите купени вакцини, а претходно бевме вакцинирани со донации, вели Николов.
Доктор Николов порача дека здравствената комисија на ВМРО-ДПМНЕ доставила 15 предлози, бидејќи како што рече тој наместо да се корегираме ние со секој наред бран на пандемијата сме се полоши и полоши.
– Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пред една недела достави конкретни 15 предлог мерки за да се заштитиме од евентуалниот четврт бран кој што доаѓа и во Европа и секаде во светот. Тие предлог мерки се доставени и до јавноста, се доставени и до министерот и се состојат од конкретни прво предлози и точки кои што тврдат што не смее да ни се повтори, затоа што имавме втор и трет бран со голема смртност, министерот за здравство збореше дека кога ќе го поминеме првиот бран за вториот ќе бидеме многу спремни, излезе да имаме 1500 починати од првиот бран, а кога ќе дојде третиот бран ќе бидеме уште поспремни. Но, како доаѓаат новите бранови ние сме полоши и полоши, значи наместо да се корегираме и да учиме од она сопствено искуство ние стануваме се полоши, и тоа треба да се отстрани, порача Николов.
На прашањето што би направил тој да е на местото на Венко Филипче, Николов рече дека после третиот бран требаше да почне да се реновира Инфективна клиника,, како што вели шајка не е закована од кога е завршен третиот бран.
– Требаше да се почне со реновирање и да се отклонат сите слабости од сите оние слаби точки или Ковид центри каде што имаше дисфункционалност. Тоа требаше веднаш да се започне. Втора работа и многу едноставна, цел свет ги подели земјите во светот ве и Европа тоа ги прави на зелени земји, портокалови и црвени земји. Луѓето кои што патуваат во Африка за да стигнат и да се вратат во Франција треба да покажат ПЦР тест пред за да влезат во Франција, треба да покажат дека се вакцинирани и задолжително одат во изолација. Значи тоа се оние луѓе кои што доаѓаат од црвените земји. Ние секојдневно имаме по два лета од земја која што е обележана со портокалова зона, оттаму ни доаѓаат новите пациенти кои што се со Делта сојот, доаѓаат влегуваат во земја, а нема никаква контрола, ниту никакво барање за тие луѓе, ниту никакви препораки што да направат во случајот на симптоми, каде да се обратат, и како да се лекуваат, истакна тој.