Тој денеска од Прилеп им порача на сите граѓани да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД зашто, како што рече, сега ситуацијата е многу ризична и критична, но и да се вакцинираат за имунизацијата да биде што помасовна.
– Согласно националната стратегија, како системот се уигрува досега немаше проблеми никаде во територијата на цела држава, ги скратуваме термините и бројката на вкацинирани граѓани во текот на следните денови ќе биде се поголема. Апелирам граѓаните да продлжат да ги почитуваат мерките, сега исклучително е ризична и критична ситуацијата и секако да, согласно зголемувањето на достапноста на вакцините тоа да се прифати и да биде вакцинацијата што помасовна заради тоа што тоа е еден од главните инструменти во борбата против пандемијата, потенцира Филипче по отворањето на модуларната болница во Прилеп.