Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ директно ги обвини ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на функционирањето на Град Скопје и за загадувањето на воздухот.

Следи целосното соопштение на СДСМ:

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги отрујат Скопјани само да си го спасат својот политички рејтинг

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се директно одговорни за системското блокирање на функционирањето на Градот Скопје и за загадувањето на воздухот. Тој посочи дека Мицкоски и неговата партија не може да се амнестираат од градоначалничката Данела Арсовска, бидејќи токму тие ја промовираа како најдобра менџерка и ја донесоа на чело на Град Скопје.

„Скопјани знаат кој е крив за хаосот, освен градоначалничката, и ВМРО ДПМНЕ, коишто внимавајте, ги имаат сите управни одбори на сите градски претпријатија, на пример Јавното сообраќајно комунално претпријатија. Тоа се членови на ВМРО ДПМНЕ. Зарем некој ги заборави и сликите кога ја промовираа пред Белата палата, пред 4 години, како вчера да беше. Па видете што се случи во овие 4 години, заради нивната кавга, која како што во јавност излезе е за одредени дилови“, рече Филипче.

Тој потсети дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ дури 26 пати гласаа против набавка на нови автобуси за ЈСП, што според него е доказ за нивната свесна намера да го блокираат развојот на градот за партиски поени.

„Да ги потсетам Скопјани, дека 26 пати, не еднаш, 2 пати, 5, 10 пати – туку 26 пати, советниците на ВМРО ДПМНЕ, гласаа против набавка на автобуси во Советот на Град Скопје. Па како може да ја тргнат од нив одговорноста? “, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче потести и на пожарот во Трубарево, нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ е подготвена да си ги отруе граѓаните за сопствените рејтинзи.

„Министерот за здравство лажеше дека е чист воздухот, министерот за внатрешни работи не направи соодветна евакуација на Скопјани, макар во тој дел кој што живеат, предупредивме каква анализа треба да се направи на воздухот“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ постојано после пожарот во Трубарево предупредуваше каков тип на анализи треба да се направат на почвата, воздухот и водата, но власта задоцни.

„Па кога стигнаа резултатите, излезе дека воздухот биле сериозно загаден. Кој ќе превеземе одговорноста за труењето на Скопјани во тие денови кога страшно цел град мирисаше поради пожарот? Мислите дека таа одговорност може лесно да се симне со некаква ПР пропаганда? Не, Скопјани многу добро знаат кој го води градот, кој ги води институциите“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.