-Дeсетина проценти од сите кои се дијагностицираат како ковид-позитивни се вакцинирани и десетина отсто од оние кои се во болница се вакцинирани. Од вкупната бројка на вакцинирани во земјава, која вчера достигна 600 илјади, многу малку се хоспитализирани. Главниот проблем се тие што не се вакцинирани. Така е и во другите земји, рече Филипче.
Тој рече дека и денеска има околу 1 000 нови случаи на ковид-19 и дека е ставена во функција модуларната болница, во рамки на Инфективната клиника, со дополнителен кадар од другите клиники. Во функција е ставен и ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“, а болницата во Козле е подготвена за прием на пациенти.