На дигиталниот изборен конгрес, на кој претходно Сања Лукаревска беше избрана за заменик претседател, за старо-нови потпретседатели се избрани министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за образование, Мила Царовска.
Функцијата потпретседател до конгресот освен Спасовски и Царовска ја извршуваа Мухамед Зекири и Коста Петров.
Неофицијално, Љупчо Николовски останува генерален секретар, а Мартин Попов е новиот организациски секретар.