На фамозниот брифинг за новинари, Христовски не го откри името на Виктор Димовски како нарачател на монструозните злоупотреби на тајната служба, туку само кажа дека има материјали за незаконско постапување кои се доставени до обвинителството.
Но, неговиот пред-предходник веројатно се пронајде во описот и сакајќи да си ја тргне мувата од капата, побара една крајно нелогична работа за демократски земји – да се декласифицира приватниот живот на следените.
-Со оглед на сериозноста на изнесените наводи на синоќешниот прес и на претходниот брифинг во АНБ го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, а особено тие кои се однесуваат на прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата. – напиша Димовски на неговиот фејсбук профил.
Доколку овие документи се декласифицираат тоа значи дека ќе станат достапни за пошироката јавност и секој ќе може да гледа материјали од приватниот живот на секој од следените.
Денеска со слично барање како Димовски излезе и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
– СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување.
За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на јавноста за да се суди дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност. – изјави Филипче.
Димовски потврди дека убиецот Љупчо Палевски бил негов соработник?
Сличен беше и случајот со прислушуваните разговори со кои мафташе поранешниот лидерн на СДСМ, Зоран Заев, кој буквално го злоупотреби приватниот живот на сите незаконски следени од службите објавувајќи нивни приватни разговори по прес-конференции.
Голем дел од снимките завршија и кај мафијата, која со години рекетираше бизнисмени со нивните прислушувани разговори.
Судски е потврдено дека стотици илјади прислушувани разговори биле најдени во хард дискот на убиецот Љупчо Палевски, првостепено осуден за убиство на дете и старец. Овие разговори, доаѓаат токму од поранешниот лидер на СДСМ.
Во својата објава од оваа недела, уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, напиша дека преку свои извори, уште од поодамна стигнал до досието кое за него го водела АНБ на Димовски. Во досието, како еден од кодошите кои на службата и давале информации на Златев тој напиша дека имало и „убиец на дете и старец“.
Виктор Димовски, коментирајќи го единствениот текст во кој беа споменати соработници, на фејсбук, напиша:
-Во последните неколку објави во некои “информирани медиуми” кои лифериваат конкретни имиња на лица кои наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници. – вели тој.
Очигледно е дека, сакајќи да побара декласификација за да се разгори состојбата во земјава со декласификација на личниот живот на илјадници незаконски следени, Виктор Димовски со оваа изјава признава дека Палевски бил негов соработник.
Нивната соработка трае подолго време и поврзана е дури и со зградата од која беше киднапирана, па свирепо убиена малата Вања Ѓорчевска. Во исто време, по убиството, откако некој од службите му јавил дека е баран, Палевски побегна од државата.
Ќе се декласифицираат ли материјалите?
На Виктор Димовски и на Венко Филипче им е јасно дека доколку Бојан Христовски одлучи да ги декласифицира овие материјали, ќе стори кривично дело, затоа што тоа ќе значи дека приватниот живот на следените ќе биде ставен на тацна на пошироката јавност. Токму затоа, сакајќи да се пазарат, бараат декласификација.
Затоа што Димовски ја фрли ракавицата за декласификација, Радио Лидер (како еден од оперативно обработуваните и судски обвинети медиуми) го прифаќа предизвикот и во наредниот период ќе го декласифицира неговото работење, додека бил вработен во Управата за државна безнедност во Битола, за време на СФРЈ.
Впрочем, работата на нашата редакција имаше клучен удел во тоа тој да не стане амбасадор во Франција, поради неговата поврзаност со удбашки структури во Србија.
Во наредниот период ќе објавуваме обемна класифицирана документација, за следење, обработка и тортура на луѓе со потекло од егејска Македонија од страна на Виктор Димовски.
Имаме многу документи, почнуваме во понеделник со досието „ДЕМАГОГ“.