Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе го тужи Жан Митрев по обвинувањата дека со Заев сакале да му ја земат болницата. Тој ова го најави на денешната прес-конференција каде упати критики на контото на власта.

Секој ден сум предмет сум јавен линч, црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 ката, Сент Морис. Пред некој дури ме споредија дури и со Џими Џонс убиец на 300 деца. Вчера отидоа до таму да преку Жан Митрев за кој како лекар не може да кажам што мислам. Претераа, ова ги поминува сите можни граници.

Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот. Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обивинител да поднесе кривична пријава, ако смее, па да одговара по кривичен законик. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета, рече Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Ваквите наоди беа изнесени во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на ТВ Алфа, а тие директно беа потврдени од д-р Митрев.

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, во екот на судската хајка против познатиот кардиохирург, обвинет за наводни измами на пациенти при лекување во корона-кризата.

Ова е клучниот дијалог:

Богдан Илиевски: Политички големци од претходната гарнитура, на највисоки функции, можеби еден премиер и еден министер за здравство, биле директно заинтересирани за најдат начин до сопствеништво врз вашата болница. Дали сте го слушнале овој муабет?

Жан Митрев: Да, да.

Богдан Илиевски: Дали сте го почувствувале таквиот обид?

Жан Митрев: Да.

Богдан Илиевски. Потврдувате ли дека имало заинтересираност од Зоран Заев и од Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво врз вашата болница?

Жан Митрев: Да, имаше такви реални контакти. И на писмено, не само вака…

Во продолжение на разговорот, д-р Митрев објаснува дека на заинтересираните за преземање удели во болницата им објаснил дека освен што биле замрзнати неговата лична сметка и сметката на болницата, Обвинителството ставило забрана и за продажба на удели.

После една недела се случило „чудо“: сметките останале замрзнати, но забраната за продавање удели била симната.

На потег е Јавното обвинителство да реагира по допрен глас и да ги истражи сите околности поврзани со тврдењата на д-р Жан Митрев.