Од среда ќе почне вакцинацијата на граѓаните над 75 години со вакцините на Астра зенеке, најави денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека нема да се вакцинира ниту со оваа тура на вакцини, бидејќи, како што вели ќе им даде приоритет на повозрасните лица.

Министерот уверува дека вакцината на Астра зенека е безбедна и нема никакви контраиндикации и дека кога ќе дојде ред да се вакцинира и тој ќе ја прими истата вакцина.

-Ќе се вакцинирам со Астра Зенека, но не сега туку кога ќе биде подостапна за сите граѓани- рече Венко Филипче.

Според него ќе се вацинира со оваа вакцина за да докаже дека е безбедна за сите.

-Масовната имунизација ќе почне во спортскиот центар Борис Трајковски. Од денес започнуваат подготовките и во текот на неделава ќе бидат спремни. Пријавени се 20.000 граѓани кои сега ќе ја примат првата доза, секако по консултација со матичните лекари. Втората доза од Астра зенека ќе ја примат за 3 месеци и за ревакцинацијата ќе има обезбедено вакцини. Ве уверувам дека апсолутно нема никакви контраиндикации кај било кој граѓанин. Јас нема да се вакцинирам сега и ќе почекам да биде набавена поголема доза. Но, кога ќе дојдам на ред ќе се вакцинирам со Астра зенека за да покажам дека вакцините се безбедни, вели Филипче.

Министерот најави дека до крајот на месецот треба да пристигнат вакцини од повеќе производители.