Министерот на својот Фејсбук профил напиша дека на средбата изразиле надеж дека имунизацијата ќе се одвива со засилено темпо.

Во надеж сме дека имунизацијата ќе се одвива со засилено темпо насекаде во светот, а тоа ќе допринесе во блиска иднина да се постигне колективен имунитет и сите да му се вратиме на нормалното живеење без ограничувања, мерки и рестрикции, стои во објавата.