Тој истакна дека за дополнителни рестрикции засега не се размислува, но сериозно ќе ги засилат контролите на спроведувањето на веќе постоечките мерки.
„Ќе има доволно ПЦР тестови за да се тестираат вработените во јавната администрација кои нема да сакаат да се вакцинираат, а ќе мора да прикажат негативен тест. Не сакаме да стигнеме до она што го најавува Австрија, целосно затворање. Земјите во регионот имаат полоша слика од нас, не е задоцнета оваа мерка“, рече министерот за здравство.