Актуелниот министер за здраввство Венко Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ.
Нема да поднесам кандидатура за претседател на СДСМ. Немам таква амбиција, изјави Филипче денеска на прес-конфренција на која соопшти дека Владата утре ќе решава за предложените мерки на Комисијата за заразни болести.
Во петокот Зоран Заев поднесе оставка на лидерската позиција во СДСМ и најави дека на 12 декември на Конгресот на партијата ќе се избира нов претседател.
Филипче е еден од четирите потпретседатели на СДСМ.