Лидерот на опозициската СДСМ на прес-конференција информираше дека одбива да има лидерска средба со премиерот Христијан Мицкоски.
Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори. Ова што се случува е сценарио кое е смислено уште лани, а јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говориме веќе два месеци, изјави Венко Филипче.
Освен одбивање за лидерска средба, Филипче одбива и предвремени избори.
Предвремени избори, па мигранти за пари. Нема пари во Буџетот. Власта се брза да преземе мигранти да земе кредит шест милијарди евра, плус 20 илјади евра по мигранти. Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ЗНАМ сами нека си распишат избори. Техничката влада мора да остане затоа што власта узурпираше се, рече Венко Филипче.
Оваа е изјава е спротивна на вчерашната најава на премиерот за лидерска средба. Вчера премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во наредните седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос.
Во божиќно интервју за ТВ Алфа премиерот Мицкоски рече дека очекува сите лидери на парламентарните коалиции да ја прифатат поканата за лидерска средба. Дневниот ред, како што вели, може да биде проширен и дополнет од страна на другите.
За клучните прашања за државата, Мицкоски очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции.
– За правобранителот да разговараме. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава, можеме ете кога е предизвикот, посебно целта пред нас, а тоа е Европската Унија да разговараме отворено на сите тие теми, кои што немаме дијаметрално различни ставови. Нели велиме сите сме за таму, законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија, имаат позитивно мислење од Канцеларијата на Европската комисија. Ајде да седнеме и да разговараме“, вели Мицкоски.
Сите детали прочитајте ги од веста во продолжение:
Лидерска средба кај Мицкоски: Консензус за реформските закони и укинување на техничката влада
