Претседателот на СДСМ и чувар на тронот на Заев, Венко Филипче, за Канал 5 потврди дека поседува виза за Дубаи, но негираше дека ја добил затоа што инвестирал таму.
Рече дека болницата каде би работел нема да ја открие. Болницата ја крие, затоа што таква не постои, посочуваат познавачите.
„Легитимно е понатаму, јас можам од мојата струка да заработам. Тоа е единствениот начин на кој што јас сакам да заработам. Тоа е легитимна, автентична моја одлука. Среќен сум што добив шанса, оти не добива секој шанса да работи во такви болници“, рече Филипче. А која е таа „таква“ болница, не кажа. Затоа што ја нема, а визата е добиена со пари од Заев, ценат упатените.
Тој демантираше дека поседува било каков имот во Дубаи.
„Ниту имам инвестиции, ниту згради, ниту имам авиони“, рече тој. Тоа е точно, коментираат по социјалните мрежи, се е на име на ортакот Вице.
Филипче истакна дека во Дубаи може да се добие виза врз база на тоа кој каква струка поседува. Истакна дека си има точно наведени кои струки се потребни за кои што може да се добир виза. Тоа не еточно, ценат упатените, го нема потребното искуство во ОАЕ и нема сертификати кои с епотребни за таму. Единствен начин е да се плати со 550.000 евра за да се дојде до неа без овие потребни предуслови.
Кој лаже, тој краде, златни визи врие и во Дубаи спие, вака гласи новкомпонираната македонска поговорка.