Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи се зголемува во однос на минатите недели, односно е зголемен за 25 проценти, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Филипче посочи и дека расте и факторот на преносливост на вирусот.
-Јасно е дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба која ја имавме, нагласи министерот.
Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван имајќи предвид што се случува во земјите во регионот, смета Филипче, силен удар и кон болниците во смисла на зголемена потреба на хоспитализација.
Бројот на пациенти кои се хоспитализирани бележи раст, истакна министерот, а во моментов има 518 хоспитализирани пациенти по долг временски период
Процентот на хоспитализирани случаи во однос на вкупниот број на дијагностицирани е намален.