– Во многу медиуми и поединци имаше повик за моја оставка. Дозволете да кажам дека од одговорност ниту бегам, ниту ќе бегам, но ќе инсистирам и ќе чекам да заврши истрагата, изјави Филипче.

Тој изјави дека за него е тешко со зборови да ја опише тежината и болката која ја чувствува и сочувствува со семејствата. Филипче информираше и дека луѓето кои го изгубија животот биле на возраст од 29 до 79 години, додека 12-те евакуирани пациентите биле безбедни и во стабилна состојба во тетовската болница.

Во однос на квалитетот и безбедноста на модуларните болниците и процесот на нивното поставување и квалитет, Филипче ја покажа и целата документација за набавка и поставување на модуларните болници и сета таа била со запазени строги стандарди и постапки при реализација на тие проекти.

– Истрагата треба да утврди дали и на кој начин по предавањето на објектот на тетовската болница, истиот бил одржуван и раководен, изјави Филипче.

За присуството на блиски роднини на болните во модуларната болница, Филипче вели дека тоа не е во согласност со протоколите и истрагата ќе треба да утврди што се случувало.