-Затекнавме неколку несоодветни проекти на почетокот на мандатот. Еден од нив беше проектот за новиот Клинички центар потпишан со компанија која беше пред банкрот и тој го раскинавме. Меѓутоа, оваа изградба беше започната, за жал, со нецелосен проект кој бараше многу измени и за кој, не по наша вина, туку поради несогласувања, се води судски процес помеѓу изведувачот и иницијалниот произведувач. Истиот заглави во судски процес, а со тоа и во блокада. Гледајќи дека бавно одат работите, банката на Советот на Европа најави дека ќе се повлече, а во координација со Министерството за финансиии сега се бара друг кредитор. Така што, согласно таа динамика, како ќе се одглави тој процес за да може изведувачот да работи и да се најде друг инвеститор, болницата сигурно ќе продолжи да се гради, изјави Филипче.