Во најновата објава на Фејсбук, Филипче напиша:

Возрасните граѓани се оние кои се во најголем ризик од коронавирусот. Задоволен сум што одлично напредува вакцинацијата токму кај овие категории, но се’ уште има значителен број кои не се пријавени за вакцинација.

Апелирам што помасовно да се пријават и вакцинираат сите, особено оние кои се во ризик.

Апелирам до младите – помогнете им да се регистрираат, убедете ги да се вакцинираат и објаснете им зошто е тоа значајно на вашите возрасни родители, баби, дедовци, соседи.

Примарната цел на вакцинацијата е да го намали ризикот од смртен исход, а тоа ќе го постигнеме само ако вакцинираме што поголем процент на возрасни граѓани.