Венко Филипче си поднел оставка од финкцијата Министер за здравство, дознава НетПрес од извори во СДСМ.

Како причина за ставката Филипче навел морална одговорност за пожарот во тетовската модуларна Ковид-19 болница, во кој загинаа 16 лица.

Информациите на НетПрес од партијата на власт велат дека Филипче својата оставка ќе и ја соопшти на македонската јавност денеска на прес-конференцијата закажана во 19:00 часот.