Третата доза вакцина против Ковид-19 може да биде од друг производител. Препораката на Комитетот за имунизација согласно ставовите на Американскиот центар за контрола на болести е да се вакцинираат со трета доза тие кои се имунокомпромитирани за дополнителна заштита. Конкретно, тоа се пациентите кај кои е извршена транспалантација и тие кои се на хронична дијализа. Ова попладнево го истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на вестите на Канал 5 телевизија.
Тој посочи дека за новиот бран на Ковид-19 здравствениот систем е целосно подготвен, подготвени се и лекарите и медицинскиот и помошниот песронал. Во таа смисла, потенцира, денеска имаме состанок со сите директори на клиниките.
– Оваа ситуација во смисла на ширење на вирусот е нешто што досега го немавме затоа што делта сојот има свои карактеристики. Од 50-тина случаи на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој што значи дека овој сој е подиминантен и пратиме како се одвива епидемиолошката крива, рече Филипче.
На прашање дали доколку продолжи да се зголемува бројот на заболени ќе се размислува за повлекување на одлуката за настава со физичко присуство на учениците, истакна дека во однос на таа препорака, која значи целосно враќање со физичко присуство на учениците, со некои исклучоци, а тоа се ученици со хронични болести и деца кои имаат постари членови со хронични болести и третата група тоа се деца кои по барање на родителите од немедицински причини може да упатат барање до училиштето и тоа да дозволи да не одат во училиште, сите други ќе бидат со физичко присуство.
– Родителот има право да побараат за немедицинска причина и врз основа училиштето да даде или не даде согласност. Тоа што е битно е дека во било кој момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активиираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство, додаде Филипче.