Според него, уште е рано даде општа препорака маските да не се носат на отворено.

-Тоа е нешто за што ќе разговараме во наредниот период следејќи ја состојбата на терен односно како се намалуваат бројот на заразени и се зголемува бројот на вакцинирани граѓани, изјави Филипче.

Филипче кажа дека одлуката за олабавување на мерките и дозволата за организирање на настани не ги вклучува организирањето концерти и свадби односно тие сè уште се забранети.