Министерот кажа дека имало случаи во други земји каде и вакцинирани се заразиле со индискиот сој, но во огромен процент минале со лесна клиничка слика и без хоспитализација.

-Нашата проценка укажува дека некој нов ризик од нов бран во следниот период нема да има. Но затоа треба да бидеме внимателни. Има случаи на вакцинирани граѓани кои се заразиле со индиски сој во некои земји. Меѓутоа во 98% клиничката слика им е послаба, и нема потреба од хоспитализација. Затоа кај нас сега следува едно забрзано темпо на вакцинација, вели Филипче.