Претседателот на СДСМ Венко Филипче им го честита на сите православни верници денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, истакнувајќи дека Велигден е симбол на спасението.

Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците, вели Филипче во честитката.

Тој наведува дека победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество. Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом. Христос Воскресна! Навистина Воскресна! За многу години Велигден!, истакнува Филипче во честитката по повод Велигден.