Тој рече дека прилично е изедначен бројот на прегледи на Инфективната клиника, тоа е најголемиот репер, некаде околу 50-тина повеќе денови наназад.

Денеска е надмината бројката од 700 илјади граѓани кои се ревакцинирани. Иако интересот се намали сепак има одредена бројка од 1500 до 2000 граѓани на ден кои се јавуваат за прва доза вакцина. Верувам дека интересот нема да се намалува, туку дека и натаму ќе расте со цел за што пократко време постигнеме одреден степен на колективен имунитет. Барем една доза вакцина примиле 74 проценти од граѓаните од возрасната група над 70 години, 65 проценти над 60 години, 60 проценти над 50 години, 55 проценти над 40 години и 31 процент од 18 до 39 години. Од вкупното население опфатот со вакцинација е 37 проценти, посочи Филипче.

Потенцира дека во текот на вчерашниот ден пристигнаа 100 илјади вакцини од компанијата „Фајзер“ преку системот Ковакс.

Со ова има сосема доволна количина вакцини – околу 250 илјади вакцини на „Фајзер“, 50 000 вакцини на „Синовак“ и околу 100 вакцини од производителот „Астра Зенека“, додаде Филипче.