Филипче: Владината коалиција е нестабилна и осудена на распад, СДСМ подготвува нов закон за жртвите од трагедии
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека владината коалиција е нестабилна, без јасна визија и вредности. Според него само е прашање на време кога ќе се распадне коалицијата. Изјавата доаѓа во пресрет на локалните избори оваа есен, по напуштањето на коалицијата од страна на министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој овде ги спомена и внатрешните тензии меѓу коалициските партнери.
„Ова е коалиција која не се темели на вредности, туку на теснопартиски и финансиски интереси“, рече Филипче.
Тој смета дека во вакви услови, Владата не може да води успешна државна политика и оти нејзиниот крај е неминовен.
Во однос на соработката со Таравари, лидерот на СДСМ порача дека ќе почекаат и ќе ја следат неговата идна позиција, без да исклучат можност за евентуални разговори за соработка на локално ниво.
Сепак, ваквите изјави на Филипче и немаат многу кредибилитет по реакцијата утрово на Арбен Фетаи, досегашниот најблизок соработник на Таравари.
Клучниот соработник на Таравари одбива соработка со ДУИ: Каде оди партијата?
СДСМ најавува законска поддршка за жртвите од трагедии
Покрај политичките теми, Филипче најави дека СДСМ подготвува предлог-закон за финансиска поддршка на семејствата од Кочани, погодени од неодамнешната трагедија, како и на семејствата вклучени во претходни трагедии – Ласкарци, Тетово и Беса транс.
„Ова не е за политички поени. Подготвени сме да седнеме и со ВМРО-ДПМНЕ за да добиеме поддршка. Законот предвидува надомест за семејствата кои изгубија блиски, но и помош за повредените кои сè уште се на лекување“, истакна Филипче.
Законот ќе биде поднесен во редовна собраниска процедура, со цел да се овозможи вклучување на повеќе страни и подобрување на предлогот.
Таравари без одлука
Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците и министер за здравство се уште без одлука. Сепак медиумите од албанскиот политчки кампус почнаа да објавуваат вести дека ќе ја напушти владата.
ТВ Алсат тврди дека Таравари ќе ја напушти владата
Во наредните денови ќе биде позната разврската околу заминувањето на Таравари и понатамошниот тек на ситуацијата.