За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, Министерството за правда прави напори. Најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура.
Министерот за правда Игор Филков одржа брифинг со медиуми за Реформската агенда. Рече дека, иако од стапувањето на функцијата немале простор за прилагодување и соочување со низа проблеми, работеле и работат со максимални напори. Како и дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка.
– Министерството за правда, има помалку од 90 вработени, од 195 предвидени по систематизација. Ова е наследена состојба и сега правиме напори овие места да бидат повторно атрактивни – вели Филков.
За три од законите од Реформската агенда е потребно Бадентерово мнозинство. Филков рече дека е ова работа за која сите треба да бидат свесни. Да не практицираат дневна политика на грбот на граѓаните, оти вели, ние тие закони, како Министерство за правда ги имаме изработено.
Во пакетот осум закони со рок за носење до јуни годинава, четири се доставени до Влада и се во скратена постапка. Тоа се Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Судскиот совет и Законот за платите на членовите на Советот на Јавни Обвинители.
Законот за Судски совет е подготвен и доставен на на мислење на Венецијанската комисија и објавен на ЕНЕР.