Додека како никогаш претходно се случува хаос во културата и не се поддржуваат проекти од национално значење министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека СДСМ има успеси во културата. Во период кога филмаџиите јавно велат дека министерката лаже, филхармонија
протестира а театрите пропаѓаат таа се фали дека СДСМ има успеси во културата, пишува Експрес.мк

Според Костадиновска Стојчевска успех на СДСМ е што УНЕСКО не го одзема статусот на заштитен на Охрид иако тоа е нормална ситуација.

,,Со СДСМ, македонската култура постигнува значајни успеси, а традицијата, историјата, идентитетот и културното наследство се сочувани и заштитени.
Посветеноста на интитуциите предводени од СДСМ е препознаена и потврдена од европските експерти, кои го избраа Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“.

Оваа престижна титула е можност за силен културен развој, реализација на нови проекти, афирмација на македонската кулутра. Со политиките на СДСМ македонскиот јазик, култура и посебност се на исто рамниште со европските јазици, заштитен без додавки и фусноти.

Одговорните политики и преземените чекори и постапки се соодветно се валоризирани и од УНЕСКО, кој донесе одлука охридскиот регион да остане на листата на светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност.

СДСМ, преку институциите коишто ги предводи продолжува со заложбите за заштита, негување и промоција на културата и обезбедува можности за развој и напредок”, се вели во соопштението на СДСМ по вчерашната изјава на министерката на партиски собир во Гостивар.